Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР
Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР / Утрински брифинг

ВИДЕО | Ѓурчевски: Без учество на полиција, царина и други државни институции, нема организиран криминал

Целата оваа операција започнува во момент кога на карго аеродромот во Скопје пристигнува суровината за правење дрога, која што ја увезува организација којашто се занимава со промет на мобилна телефонија, но таа е пропуштена без оние потребни мерки кога се увезуваат вакви специфични материјали, кои што царинската управа и полициските службеници кои што работат на аеродромот биле должни да ги опреземат сите со закон пропишани дејствија, изјави во Утрински брифинг Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР.

– Пратката доаѓа од Блискиот Исток, а тоа е балканската рута на хероинот и кокаинот – Авганистан, Блискиот исток, Турција, Македонија и понатаму западна Европа. Значи не е онаа интерна балканска рута по којашто доаѓа марихуаната, додава Ѓурчевски.

Овде станува збор за тешки дроги – хероин и кокаин од кој што се станува зависен. Често пати кога го анализираме организираниот криминал доаѓаме до заклучок дека без учество на полиција, на царина и на другите државни институции, не може да збориме за организиран криминал. Тука мислам и на судската и извршната власт кои се главниот клуч околу создавање и делување на тие криминални групи, коментира Ѓурчевски.

– Загрижува фактот што години наназад немавме спроведено ниту една позначајна постапка како оваа вчера против државни службеници, а сите зборуваме за висок степен на висока корупција. Контролираните транспорти е суптилна и тешка работа, особено да се дојде до докази за големите риби, до оние кај што завршуваат најголемите финансии, вели Ѓурчевски за „Утрински брифинг“.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот