ВИДЕО: Ѓоковиќ ја освои 89 титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ доминираше на турнирот во Израел/Тел Авив, Израел/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на турнирот од серијата 250 во Тел Авив (Израел) откако во финалето го совлада Марин Чилиќ со 6:3, 6:4 за еден час и 34 минути игра.

Српскиот тенисер ја освои својата трета титула во 2022 година, односно 89. во богатата кариера.

На почетокот на оваа година тој славеше на „Вимблдон“, кој беше негов последен турнир пред да дојде во Тел Авив, и на Мастерсот во Рим. Кога станува збор за турнирите од серијата 250, ова е 11. пехар за Ноле.

Тоа беше 21 дуел меѓу Србинот и Хрватот и 19 триумф на поранешниот светски тенисер број еден.

Според најавите Ѓоковиќ од понеделник ќе учествува на исклучително силен турнир во Нур Султан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот