ВИДЕО | Газда на гевгелиска кафеана одржа протест, добил казна од 7.000 евра за лажни ковид-сертификати

Фото: Фејсбук/принтскрин

„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати“, рече Илија Митрев, сопственик на ресторанот „Крим“ од Гевгелија, кој бил казнет од инспекцијата поради неколку гости кои седеле во локалот со лажни сертификати за вакцинација против ковид-19.

„Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?, изјави сопственикот Ице на собирот на граѓани пред неговиот ресторан кои дојдоа да му изразат поддршка против неправедната одлука на гевгелиската инспекција“, рече Митрев вчера пред неколку десетици луѓе собрани пред неговиот локал.

Тој потсетува дека според владината политика, казните се однесуваат на лицата кои носеле лажен сертификат, но и за рестораните и кафулињата кои треба да побараат сертификат, без притоа да имаат можност да проверат дали се работи за фалсификуван документ.

„Треба ли да ги затвориме сите овие луѓе кои едвај од први до први преживуваат? Ние ги плаќаме бирократите што пишуваат казни, нека дојдат они еден ден да пробаат да отворат дуќан. Да пратиме порака до нашите сограѓани судии кои ќе ги судат овие луѓе, нека размислат дека носат одлуки за свои сограѓани, комшии. Не можете да ги уништите своите комшии додека се топлите во тие канцеларии што ние ги плаќаме. Ние со бирократијата во Скопје тешко ќе се бориме, но ги повикуваме нашите сограѓани, судии, застанете во одбрана на своите роднини“, порачаа Митрев и другите говорници на собирот пред ресторанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот