ВИДЕО: Фудбалерот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг го утна и македонското знаме

Џереми Фримпонг и Натан Тела на натпревар по географија/фото: принтскрин/twitter.com/bayer04_en

Фудбалските, спортските клубови понекогаш си организираат квизови на своите играчи, се тестира нивното знаење од спортот, но и од општеството.

Така, двајцата фудбалери на германскиот клуб Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг и Натан Тела имаа натпревар по географија.

Фримпонг влезе доста самоуверен во натпреварот, но не ги погоди сите знамиња, меѓу кои и македонското.

Беше сигурен и за македонското знаме, но наместо Македонија, 22-годишниот холандски десен бек кажа Гибралтар, но затоа точно погоди неговиот соиграч, 24-годишниот нигериско десно крило Тела.

Погледнете подолу на видео записот како сето тоа изгледаше:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот