ВИДЕО+ФОТО | Ги освоија наградите во сите главни категории: Жените доминираа на овогодишното доделување на Греми наградите

Фото: Профимедиа

63-то доделување на наградите од Американската музичка академија, Греми, беше одржано вчера вечерта, а за разлика од претходните години, на овогодишната церемонија жените однесоа убедлива победа во сите главни категории.

Бијонсе водеше со девет номинации и со освоени вкупно 28 Греми награди во кариерата, така што оваа американска пејачка стана уметник со најмногу освоени признанија од страна на Американската музичка академија некогаш.

Фото: Профимедиа

Тејлор Свифт дома ја однесе можеби најзначајната награда: за албум на годината. Били Ајлиш и нејзината нумера „Everything I Wanted“ добија награда за музички спот на годината.

Фото: Профимедиа

Најдобриот нов изведувач е Меган Д Сталион, за најдобар дует е прогласена песната „Rain On Me“ која ја изведуваат Лејди Гага и Аријана Гранде, додека Дуа Липа ја однесе наградата за поп албум на годината.

Фото: Профимедиа

Единствениот маж кој освои награда во водечка категорија, беше поп пејачот Хари Стајлс, чија песна „Watermelon Sugar“ е прогласена за најдобра поп нумера.

Фото: Профимедиа

Како и кај останатите доделувања на наградите одржани за време на пандемијата, ниту тука немаше публика во живо, а присутни беа само одреден број на изведувачи и номинирани.

Меѓу изведувачите се најдоа и Бед Бани, Тејлор Свифт, Дуа Липа, Карди Би и Меган Д Сталион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот