ВИДЕО+ФОТО | Џоан Колинс ја прими вакцината против корона и ѝ се обрати на јавноста: „Нема причина за грижа“

џоан колинс карантини пандемија
Фото: Профимедиа

Актерката Џоан Колинс, на која се сеќаваме по улогата на Алексис Колби во серијата „Династија“, откри дека се вакцинирала против Ковид-19.

Имено, таа се огласи на Инстаграм профилот и наведе дека ја примила британската, оксфордска вакцина Астрозенека во Оксфордската универзитетска болница.

Фото: Профимедиа

Џоан имено гостуваше во Утринската програма на една телевизија во Велика Британија и објасни дека луѓето навистина не треба да се грижат поради вакцинирањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

„Само сакам да им кажам на сите кои се грижат дека нема причина за грижа. Тоа беше најлесната работа. Тоа е мала гребнатина и не боли воопшто. Немав несакани ефекти. Се чувствував добро и си заминав дома“, изјави актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот