Венко Филипче/ Фото: СДСМ

ВИДЕО | Филипче: Нема да ги поддржиме законските измени за системот „Безбеден град“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повтори дека пратеничката група на социјалдемократите во Собранието нема да го поддржи предлог-законот за прекршоци кој е потребен за да системот „Безбеден град“ може да профункционира. Филипче вели дека СДСМ не е против безбедноста во сообраќајот, а тоа го докажува фактот што партијата го започнала системот „Безбеден град“.

„Ние тој закон нема да го поддржиме. Не сме против безбедноста во сообраќајот, доказ за тоа е дека сме го почнале тој систем. Но не можеме да дозволиме системот парцијално да се имплементира. Освен што сме за безбедност во сообраќајот ние сме и за безбедност на податоците – нешто што повторно власта ниту го коментира ниту се обидува да го регулира. Еве, седнаа на маса на лидерската средба, се договорија, видовме, ќе видиме што ќе биде резултат друг од тој пазар. Ние сме конструктивна опозиција но не сме контролирана опозиција“ изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека за СДСМ спорни се сериозните аспекти како огромната база на податоци кои не се регулирани и кои никој во законот не укажува како ќе се контролираат.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изрази жалење што СДСМ нема да го поддржи проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека безбедноста на граѓаните во сообраќајот и заштитата на човечките животи треба да биде приоритет на сите политички партии во земјава.

„Безбеден град“ обезбеди поддршка од ДУИ, проектот може да стартува на 1 февруари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот