Безбедносни камери во Скопје / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Безбеден град“ обезбеди поддршка од ДУИ, проектот може да стартува на 1 февруари

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт Рина Ајдари рече дека ќе гласаат за законот на седницата која се очекува да биде свикана за в петок, а доколку не се имплементираат нивните забелешки, во иднина ќе поднесат измени на законот.

Системот „Безбеден град“ ќе може да старува од 1 февруари, како што беше зацртано, бидејќи пратеничката група на Европскиот фронт предводена од ДУИ ќе го поддржи и со тоа власта ќе обезбеди двотретинско мнозинство за измените на Законот за прекршоци да помине во Собранието.

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт Рина Ајдари рече дека ќе гласаат за законот на седницата која се очекува да биде свикана за в петок, а доколку не се имплементираат нивните забелешки, во иднина ќе поднесат измени на законот.

Поддршка на Законот за прекршоци беше обезбедена на лидерската средба минатата недела, свикана од премиерот Христијан Мицкоски, но ДУИ во минатиот петок на координација на шефовите на пратеничките групи, учесници на лидерската, не даде бланко виза за законското решение со образложение дека имаат забелешки. Ајдари рече дека собраниската седница не била закажана за минатиот петок, како што било договорено, бидејќи им требало време да се консултираат во пратеничката група. За проектот „Безбеден град“ освен ДУИ забелешки има и пратеничката група на СДСМ, но по најавата на Европскиот фронт дека ќе го поддржи законот, за власта веќе не е клучна поддршката од социјалдемократите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот