ВИДЕО: Филаделфија доминира на Истокот, Букер блескаше против Хјустон

Девин Букер /Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Филаделфија иако играше без Бен Симонс, Дени Грин, Тобајас Херис и Ајзеа Џо, како гостин славеше во Детроит со конечен резултат 109:98 доцна синоќа во НБА лигата.

За Сиксерси 23 поени реализираше Сет Кари (шест скокови, четири асистенции), потоа Тајрис Макси постигна 20 поени, а еден помалку Џоел Ембид. На спротивната страна Џереми Грант запиша 27 коша за Пистонси, но немаше помош од останатите тимски колеги.

Тоа беше петта победа по ред за Филаделфија за моментно прво место во Источната конференција (7-2), а Детроит е на последното место (1-7).

До триумф дојде и Феникс и тоа во дуелот со Хјустон (123:111), иако на паузата гостите од Тексас имаа предност од 56:61. За „сонцата“ доминираше Девин Букер со 27 поени (девет скокови, пет асистенции), а за Рокетси прв стрелец беше Кевин Портер со 20 поени.

Во Западната конференција Феникс е на петтата позиција (4-3), додека Хјустон после шестиот пораз во низа е претпоследен (1-7).

НБА лига, резултати –

Детроит пистонс – Филаделфија сиксерс 98:109
Атланта хокс – Јута џез 98:116
Мајами хит – Бостон селтикс 78:95
Феникс санс – Хјустон рокетс 123:111
Лос Анџелес лејкерс – Оклахома Сити тандер 104:107

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот