ВИДЕО | Феминистките ѝ одговорија на Брижит Макрон: Валканите кучки те поздравуваат!
Активистките од феминистичката организација NousToutes, кои првата дама на Франција ги нарече „валкани кучки“ додека тие протестираа во понеделникот пред театарот каде што Брижит Макрон беше на претстава, јавно ѝ возвратија.
Препорачано
Синоќа, на улиците на Париз се појавија пораки како „Валканите кучки те поздравуваат, Брижит“ и „Одбивањето на барање не значи ослободување, научи ги повторно лекциите, Брижит“.
« LES SALES CONNES TE SALUENT, BRIGITTE »
Action de @NousToutesOrg dans les rues de Paris, après avoir été insultées par #Brigitte #Macron, alors qu’elles avaient protesté au spectacle d’Ary #Abittan, accusé de viol
« NON-LIEU ≠ ACQUITTEMENT, RÉVISE TES LEÇONS BRIGITTE » pic.twitter.com/Zztrvcx9TZ
— Le Média (@LeMediaTV) December 9, 2025
Во понеделникот, првата дама на Франција беше во театарот „Фоли Бержер“ со актерот Ари Абидин, кој беше обвинет во 2021 година за силување на млада жена со која имал кратка врска.
Надвор од театарот, членовите на NousToutes демонстрираа, а во саботата дури се појавија јавно носејќи маски со ликот на актерот и извикувајќи: „Абитан силувач!“.
View this post on Instagram
Според видеата што кружат на интернет, кога актерот ѝ се приближил зад сцената и ѝ рекол „Се плашам“, Брижит Макрон наводно одговорила: „Ако има валкани кучки, ќе ги исфрлиме, особено маскираните“.
Оваа изјава предизвика бура од реакции, што доведе до официјален одговор од Елисејската палата.
Портпаролот на првата дама на Франција појасни дека дијалогот треба да се толкува исклучиво како осуда на „радикалните методи на оние кои го прекинаа настапот носејќи маски и се обидоа да го спречат појавувањето на Ари Абитaн“, додавајќи дека „Брижит Макрон не ги одобрува овие практики“.
Однесувањето на Брижит Макрон повлече и остра критика од француските познати личности и политичари, пишува Инкл.


