Протест на феминистки во Париз/Фото: Telmo Pinto / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Брижит Макрон предизвика бес кај јавноста: Ги нарече феминистичките активистки „валкани кучки“

Израз што Брижит Макрон наводно го употреби против активистите што протестираат пред познат париски театар, каде присуствуваше таа во саботата, предизвика реакции и критики во јавноста и ги освојува насловните страници во француските медиуми.

Првата дама на Франција беше во театарот „Фоли Бержер“ каде што глуми актерот Ари Абидин, кој во 2021 година беше обвинет за силување на млада жена со која имал кратка врска.

Надвор од театарот, активистки од феминистичкиот колектив NousToutes демонстрираа, а во саботата се појавија јавно носејќи маски со ликот на актерот и извикувајќи: „Абитан силувач!“

Според видеата што кружат на интернет, кога актерот ѝ се приближил зад сцената и ѝ рекол „Се плашам“, Брижит Макрон наводно одговорила: „Ако има валкани кучки, ќе ги исфрлиме, особено маскираните“.

По бурата, таблоидниот весник „Паблик“ одлучи да го повлече контроверзното видео за да го заштити имиџот на Брижит Макрон, но веќе беше предоцна.

Оваа изјава предизвика бура од реакции, што доведе до официјален одговор од Елисејската палата.

Портпаролот на првата дама на Франција појасни дека дијалогот треба да се толкува исклучиво како осуда на „радикалните методи на оние кои го прекинаа настапот носејќи маски и се обидоа да го спречат појавувањето на Ари Абитбин“, додавајќи дека „Брижит Макрон не ги одобрува овие практики“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот