ВИДЕО | ФБИ за убиецот на Чарли Кирк: Имаме јасна снимка од сторителот, како се движел и како избегал
„Имаме јасно видео од сторителот и знаеме како стигнал до местото на настанот и како избегал“, изјави портпаролот на ФБИ за време на најновото известување за убиството на екстремно десничарскиот поддржувач на Трамп, Чарли Кирк.
Препорачано
ФБИ започна потрага по стрелецот, кој се движел преку покривите за да стигне до местото на пукањето, а потоа избегал низ соседството, меѓу луѓето, искористувајќи ја паниката.
Оружјето со кое е извршено убиството на 31-годишниот конзервативен активист Чарли Кирк е пронајдено во пошумена област во близина на Универзитетот Јута Вали (UVU), објави ФБИ и додаде дека тоа е испратено на вештачење во криминалистичка лабораторија.
Федералната полиција веќе има фотографија од сторителот и започна потрага по негово апсење.
„Имаме отпечатоци од прсти и снимки од сите камери во целата област“, вели специјалниот агент на ФБИ, Роберт Коулс.
Истражителите на федералната полиција спроведоа сеопфатен претрес на згради и камери и имаат снимки од сторителот во нивна сопственост. Сепак, тие засега нема да бидат објавени.
#WATCH: The shooter ran after firing the shot that killed Charlie Kirk.
Seems to be a trained person.#CharlieKirk #Breaking #USA #Shooting pic.twitter.com/vbxk89XVyl
— JRN Nihal (@JRNNihal) September 11, 2025
Сликата што никогаш нема да се заборави: Сведоштвата од Универзитетот „Јута Вали“


