Фото: Freepik

ВИДЕО | Фармацевтка предупреди: Еве зошто не треба да ги кршите таблетите пред да ги земете

Многумина имаат проблеми со голтањето таблети, па затоа претпочитаат да ги кршат или да ги отворат капсулите за полесно да го земат лекот. Но, британската фармацевтка Анум предупредила на Тикток дека таквата практика може да биде ризична, да доведе до несакани ефекти и да ја намали делотворноста на лекот, пишува британски „Дејли пост“.

Зошто кршењето таблети може да биде опасно

Во видеото, таа објаснила дека сите таблети и капсули не се погодни за кршење или за отворање.

– Дали знаевте дека кршењето таблети или отворањето капсули за да се земе само прашокот може да биде опасно? Сите таблети не се наменети за кршење, исто како што не смеат да се отвораат и сите капсули – рекла таа на почетокот.

Според нејзините зборови, дел од лековите се направени така што активната супстанција се ослободува постепено.

– Некои таблети имаат продолжено ослободување. Ако ги кршите таквите таблети или ги отворите капсулите, можете да го расипете начинот на кој се ослободува лекот. Ова значи дека можеби нема да делува толку долго колку што треба, а расте и ризикот од несакани ефекти – истакнала таа.

Друг проблем е заштитната обвивка што ја имаат некои таблети.

– Други имаат обвивка отпорна на желудникот. Таа го штити желудникот од лекот, но и самиот лек од желудочната киселина. Затоа, оваа обвивка не треба да се оштетува – објаснила фармацевтката.

Таа додала и дека правот на некои лекови може да биде проблематичен при директен контакт.

– Уште позагрижувачки е тоа што правот на некои таблети и капсули може да ја иритира кожата и да биде штетен ако дојдете во контакт со него.

@pharmacist.anum Crushing, cutting , opening capsules ect might seem like a simple fix if you are finding them difficult to take -but it can lead to some serious issues and can make medication less effective! If you are struggling with your medication always speak with your pharmacist or GP before altering the formulation of any of your medicines! For educational purposes only-NOT medical advice! #pharmacy #pharmacist #pharmacytiktok #medicine #fyp ♬ original sound – Pharmacist Anum

А што е со преполовената таблета?

Еден корисник во коментарите прашал дали е опасно да се делат таблетите на половина. Анум одговорила дека и тука треба да се биде внимателен.

– Добро прашање! Некои таблети се наменети за да се преполоват, а некои не, и не е секогаш јасно кои се кои – рекла таа.

Таа предупредила дека преполувањето на погрешна таблета може да има последици.

– Ако ја пресечете погрешна таблета на половина, тоа може да го промени начинот на кој делува лекот. Најдобро е да се консултирате со фармацевт пред да пресечете која било таблета на половина – порачала таа.

Што да направите ако тешко ги голтате лековите

Анум советува секој што има проблем со голтањето таблети да не импровизира, туку да се обрати кај фармацевт или лекар. Постојат решенија, на пример, лекови во течна форма или други формулации кои се полесни за земање.

Порталот „Хелтлајн“  наведува неколку трикови, како што е ставање на таблетата во каша од јаболка, пудинг или друга мека храна за полесно голтање. Сепак, нагласуваат дека пред да здробите кој било лек, треба да се консултирате со здравствен работник. Ова е особено важно за лековите што мора да се земаат на празен желудник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот