ВИДЕО | Фарбање јајца со ориз: Наједноставната, а најубава техника за декорација!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Доколку денес не ги офарбавте јајцата или пак офарбавте само црвени според традицијата, а во сабота сакате целосно да му се посветите на велигденското декорирање, ви нудиме многу ефектна и интересна техника која навистина ќе ве воодушеви.

Со овој метод на фарбање излегува навистина интересна шара, а самиот метод е многу брз и едноставен за изведување.

Потребно ви е:

– Ориз
– Течна боја за јајаца
– Неколку пластични чаши
– Чинија

Постапка:

Поделете го оризот во неколку пластични чаши. Во секоја чаша со ориз ставете по неколку капки од бојата и измешајте. Потоа ставајте по едно јајце во секоја чашка со боја, поклопете со празна пластична чашка и протресете.

Може да фарбате со една боја или да помешајте 2-3 за поинтересни шари.

Совет: Пред фарбањето на овој начин, избелете ги јајцата со цел бојата полесно да се зафати на нив.

Како детално изгледа целата постапка, погледнете во видеото…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот