ВИДЕО: Еуфорија во Париз, навивачите на ПСЖ купуваат дресови со името на Меси

Навивачите на ПСЖ го поздравија Меси/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Париз ова лето е фудбалскиот центар на светот, логично затоа што нов играч на ПСЖ стана еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси.

Доволно за вистинска „Месиманија“ да се појави во градот – сето тоа поради доаѓањето на легендата на Барселона.

Аргентинецот пристигна во ПСЖ како слободен играч, Парижаните не платија никаква отштета за него, туку „само“ плата која, како што пишуваат странските медиуми, може да достигне 35.000.000 евра со сите бонуси – по сезона!

Дури и ден по „слетувањето на фудбалскиот магионичар“, еуфоријата не стивнува, за што сведочат сцените пред официјалната продавница на ПСЖ пред која се наоѓа бесконечна колона од луѓе кои чекаат да го купат дресот од новата ѕвезда на тимот. Редот е толку долг што се протега до влезот во блиската метро станица!

Инаку, дресот на Меси со бројот 30 се продава по цена од 108 евра, а фактот колку целиот контингент беше продаден преку Интернет дваесет минути откако ПСЖ го пушти во продажба, сведочи колкава возбуда владее меѓу фановите. Тоа се случи веднаш штом Меси беше потврден како нов играч на Париз.

Во меѓувреме, дресовите, како што можеме да видиме, продолжија да се продаваат непрекинато…

Меси: ПСЖ е амбициозен клуб, ќе играм со најдобрите на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот