Меси: ПСЖ е амбициозен клуб, ќе играм со најдобрите на светот

Му беше тешко да ја напушти Барса/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Аргентинецот Лионел Меси беше претставен како ново засилување на ПСЖ. Меси на својата прва конференција во новиот клуб изјави дека е среќен што е тука и дека едвај чека да освојува трофеи.

– Беше тешко да ја напуштам Барселона, но среќен сум што дојдов во ПСЖ. Тоа е амбициозен клуб со најдобрите играчи. Тие беа сериозни и брзи за време на преговорите, веднаш по објавата на Барселона во четвртокот – се првите впечатоци на Меси по пристигнувањето во Париз.

Аргентинецот повтори дека му било многу тешко да се раздели со Барселона.

– По толку години, беше многу тешко да ја напуштам Барселона. Сепак, од моментот кога дојдов во Париз, се чувствувам среќно. Сакам да победиме и да освојуваме трофеи заедно. Ќе играм со најдобрите играчи во светот, и тоа е секогаш добро.

Пречекот кој го почувствував беше нереален. Едвај чекам навивачите да го исполнат целиот град и трибините на стадионот, ова ќе биде одлична сезона. Дојдов да помогнам, мотивиран и со желби повеќе од кога било – вели Аргентинецот.

Претседателот на клубот истакна дека доаѓањето на Меси е историско за фудбалот:

– Ова е голем и историски ден за нашиот клуб и за целиот фудбал. Лео произведува фудбалска магија – изјави Насер Ал-Келаифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот