ВИДЕО: Елмас победник во „квизот“ на Наполи – колку добро ги познаваш соиграчите?

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Најдобрата македонска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство, а играчите овој период го користат за одмор пред да се им вратат на клупските обврски и подготовките за следната натпреварувачка сезона.

Елиф Елмас, една од нашите најголеми фудбалски надежи исто така беше дел од континенталниот собир, а после крајот на репрезентативната кариера на Горан Пандев, очекуваме „Дијамантот“ да биде еден од главните лидери во националниот тим во следните предизвици, а тие ќе продолжат во септември со натпреварите од квалификациите за Светското првенство Катар 2022.

Денеска неговиот клуб Наполи објави едно интересно видео, во кое ги тестира своите играчи преку еден квиз: „Колку добро ги познаваш соиграчите“?

Поделени во парови, Елмас со Виктор Осимхен, Алекс Мерет со Џовани Ди Лоренцо, а Давид Оспина со Ирвинг Лозано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SSC Napoli (@officialsscnapoli)

Победници на крајот беа Елмас и Осимхен, македонскиот репрезентативец најдобро погодуваше, за тоа кој го има средното име Себастијан (Пјотр Зиелински), кој има тетоважа на „Мики Маус“ (Лоренцо Инсиње), најомилен тенисер му е Новак Ѓоковиќ (Никола Максимовиќ), кој сака да чита (Калиду Кулибали), чие е кучето на Миа (Пјотр Себастијан Зиелински), неговото име значи „дијамант“ (Елиф Елмас)..

Соиграчите не можеа да поверуваат на крајот дека Елмас победи, особено не можеше да поверува голманот Мерет…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот