ВИДЕО: Елмас од клупата го гледаше пресвртот на Наполи!

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Во рамките од 11 коло во најсилното италијанско првенство екипата на Наполи со 2:1 славеше против Сампдорија.

После првото полувреме водеа гостите со голот на чешкиот интернационалец Јанкто во 20 минута од средбата на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Во вториот дел играчите на тренерот Џенаро Гатузо го направија целосниот пресврт, односно резервите ја направија разликата на теренот. Лозано и Петања се погрижија за три важни бода, додека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса од клупата.

После третата победа (осма сезонава во Серија А) „наполитанците“ се на третата позиција со 23 бодови, еден помалку зад второпласираниот Интер, додека на врвот е Милан (26).

За три дена Наполи го очекува голем предизвик, на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано му гостува на Интер. Денеска се одиграа уште две средби, Аталанта со 3:0 ја надигра Фиорентина, а Рома блескаше на гостувањето кај Болоња (1:5).

ВИДЕО: Интер се спаси од нов срам во Серија А!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот