ВИДЕО: Интер се спаси од нов срам во Серија А!

Фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Миланските „неро-аѕури“ стигнаа до четвртата победа по ред во најсилното италијанско првенство откако денеска во 11 коло славеа после пресврт на гостувањето во Сардинија против Каљари (3:1).

Тренерот Антонио Конте после раната елиминација од меѓународните настапи сезонава беше можеби многу блиску да се соочи и со отказ, но за негова среќа играчите го спасија со важен триумф во Серија А.

Во 42 минута стрелаше Сотил за водство на домаќините, а пресвртот се случи во последните 18 минути од мечот.

Трите бода за гостите ги донесоа Барела, Д`Амброзио и Лукаку за вкупно седма победа во првенството и второ место со 24 бодови, два помалку од водечкиот Милан кој својот меч ќе го има денеска на домашен терен против Парма.

Од 15.00 часот играат Аталанта-Фиорентина, Болоња-Рома и Наполи-Сампдорија, а од 18.00 часот Џенова и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот