Пожар во фабрика во Јапонија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Експлозија во фабрика за автоделови во Јапонија, еден загинат, двајца повредени

Во експлозија во фабрика за автоделови во централна Јапонија едно лице загина, а две се повредени, јавуваат јапонските медиуми.

Противпожарната служба добила итен повик и била известена дека „експлодирал колектор за отпад и прашина“ и „се откорнал покривот“.

Експлозијата, чија причина е непозната, се случила во фабрика во сопственост на Chuo Spring Co., подружница на производителот на возила „тојота“, во централниот дел на архипелагот.

Пожарникарите сè уште се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој избувна по експлозијата, јавуваат локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот