ВИДЕО: ЕХФ му посака добредојде назад на Манасков, Веспрем со предност оди во Данска

Дејан Манасков постигна еден гол во триумфот над данскиот Алборг/Фото: EPA-EFE/Tamas Vasvari

Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите екипата на Веспрем триумфираше на домашен терен против Алборг со 36:29.

Ова е добра предност за Унгарците пред возвратната пресметка која ќе се игра во Данска на 18 мај.

Како што веќе и објавивме, по пауза од осум месеци на терените се враќа Дејан Манасков кој беше во составот на Момир Илиќ за денешните први 60 минути против Данците.

На овој меч македонскиот репрезентативец еднаш се запиша во листата на стрелците. И ЕХФ го поздрави враќањето на нашиот играч и му посакаа добредојде на терените.

Кај неговите соиграчи најефикасен беше Маргуч со седум погодоци, шест запиша Омар, а по пет Мае и Нилсон.

На спротивната страна шест голови имаше Јуул, по пет Сандел и Бјорнсен, а четири беа дело на Клаар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот