ВИДЕО: Еден загинат во експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица

Едно лице загина, а пет се повредени во експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица. Според Срѓан Кориќ од Управата на полицијата, експлозијата се случила во 11 часот и 45 минути.

Според првите информации од полицијата, едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот.Се претпоставува дека се работи за самоубиство. Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна единица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот