Screenshot/YouTube

ВИДЕО | Eден од најпознатите италијански клубови испадна во трета лига, навивачите направија хаос пред стадионот

Пескара и официјално се пресели во Серија Ц, откако тимот не успеа да обезбеди опстанок во драматичната завршница од сезоната.

Во клучниот натпревар, Пескара одигра 1-1 против Специја пред домашната публика, резултат што значеше крај на надежите за останување во второлигашкото друштво. Разочарувањето кај навивачите беше огромно, а по последниот судиски свиреж незадоволството го изразија и со пиротехника пред стадионот.

Под жестоки критики се најде и ветеранот Лоренцо Инсиње, кој во претходното коло не успеа да реализира пенал против Падова, момент што многумина го посочија како еден од клучните во борбата за опстанок.

Искусниот офанзивец се врати во Пескара на почетокот на годинава, повторно облекувајќи го дресот на клубот во кој блескаше во сезоната 2011/2012 како позајмен фудбалер од Наполи. Сепак, по испаѓањето во понизок ранг, сè поизвесно е дека неговата втора епизода во клубот ќе биде краткотрајна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот