ВИДЕО: Ѕверска партија на Јанис против Лејкерси

Неверојатна партија на Јанис Адетокумпо/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Актуениот шампион Милвоки бакс со 109:102 го совлада ЛА Лејкерси благодарение на фантастичната партија на Јанис Адетокумпо.

Првата ѕвезда на Милвоки натпреварот го заврши со 47 поени и девет скокови. Јанис голема помош имаше од Боби Портис кој даде 17 поени и Пет Конатон и Крис Мидлтон со по 16 поени. Овие четворица кошаркари постигнаа 96 од вкупно 109 поени за Милвоки кој има скор од 7-8.

Кај ЛА Лејкерс кои имаат половичен скор од по осум победи и порази, се истакнаа Тејлен Хортон-Такер со 25 поени и 12 скокови и Расел Вестбрук со 19 поени и 15 асистенции.

Бруклин нетс на крилјата на Џејмс Харден и неговите 27 поени и 10 скокови го совлада Кливленд кавалирс со 109:99. Ламаркус Олдриџ беше одличен со 24 поени, а еден помалку даде Кевин Дурент за Бруклин кој ја оствари 11 победа во 16 натпревар.


Џими Батлер доминираше во победата на Мајами хит ос 113:98 над Њу Орлеанс пеликанс. Батлер оствари трипл-дабл од 31 поен и по 10 скокови и асистенции, додека Тајлер Хироу придонесе во триумфот со 19 поени.


Портланд во Орегон го совлада ослабениот Чикаго булс со 112:107. Кај „биковите“ не настапи Никола Вучевиќ бидејќи е позитивен на коронавирус.
Демиен Лилард го предводеше Портланд со 22 поени и 10 асистецнии, додека кај Чикаго се истакнаа Зек Лавин со 30 поени и Демар Дерозан со 22 поени.

Резултати:
Шарлот – Вашингтон 97:87
Детроит – Индијана 97:89
Атланта – Бостон 110:99
Бруклин – Кливленд 109:99
Мајами – Њу Орлеанс 113:98
Милвоки – ЛА Лејкерс 109:102
Њујорк – Орландо 98:104
Минесота – Сакраменто 107:97
Оклахома – Хјустон 101:89
Феникс – Далас 105:98
Портланд – Чикаго 112-107

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот