Џеј Ди Венс, потпретседател на САД фото:EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО | Џеј Ди Венс: Трамп ми даде јасни насоки, очекувам разговорите да бидат позитивни со Техеран

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека претседателот Доналд Трамп му дал „јасни насоки“ за тоа како да пристапи кон преговорите со Иран и изрази оптимизам пред состанокот. Имено, тој во краток разговор со новинарите во Вашингтон, пред да замине за пакистанскиот главен град Исламабад на разговори, истакна дека очекува разговорите со Техеран да бидат „позитивни“.

Порака до Иран

Венс ги објасни условите под кои американската страна би ги започнала преговори.

„Доколку Иранците се подготвени да преговараат со добра волја, ние сме секако подготвени да им подадеме рака“, рече тој. „Но, ако се обидат да нè изиграат, ќе откријат дека нашиот преговарачки тим воопшто нема да биде попустлив.“

Инаку, според пишувањето на американските медиуми на Венс, познат по својот скептицизам во врска со странските воени интервенции, ќе му се придружат и специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, кои веќе учествуваа во три рунди индиректни разговори со иранските преговарачи, насочени кон решавање на загриженоста на САД во врска со нуклеарните и балистичките програми на Иран пред да започнат нападите на 28 февруари.

Разговорите доаѓаат во време кога постојат закани да пропадне привременото примирје објавено оваа недела. Иран инсистира дека примирјето да вклучува крај на војната на Израел во Либан, додека Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдат дека Либан не е дел од договорот.

Иран и САД лице в лице во Исламабад: Кој седнува на преговарачката маса?

САД бараат Иран повторно да го отвори Ормускиот Теснец, клучен поморски пат за светските енергетски текови, кој Техеран го затвори како одговор на израелските напади врз Хезболах.

Американскиот претседател Трамп вчера изјави дека Иран работи многу лошо во насока на дозвола на танкерите за нафта да поминат низ него и на социјалните мрежи напиша дека тоа не е договорот што го имале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот