Абас Араги, ирански министер за надворешни работи/Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран и САД лице в лице во Исламабад: Кој седнува на преговарачката маса?

Иранска делегација пристигна во Исламабад на посредни разговори со САД, предводена од министерот за надворешни работи Абас Аракчи и претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Сепак, полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“ соопшти дека веста за пристигнувањето на ирански претставници во Исламабад на разговори со САД е „целосно лажна“. Слични негирања објавија и други ирански медиуми поврзани со државата.

Се очекува американската делегација да ја предводи потпретседателот Џеј Ди Венс, а ќе ѝ се придружат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Виткоф и Кушнер учествуваа во три рунди индиректни нуклеарни разговори со иранските преговарачи во Оман пред САД и Израел да започнат напади врз Иран на 28 февруари.

И покрај ова, пакистанските власти продолжуваат да тврдат дека подготовките за разговорите се одвиваат според планот, со зголемени безбедносни мерки и пристигнување на меѓународни делегации, додека конечниот состав и почетокот на преговорите сè уште се чекаат.

Почина поранешниот ирански министер за надворешни работи кој беше ранет во израелско-американски напад

Поранешниот ирански министер за надворешни работи Камал Харази почина од повредите здобиени во воздушен напад, објавија иранските државни медиуми рано утринава. Харази, кој беше шеф на Стратешкиот совет за надворешни односи, беше ранет неколку дена претходно во израелско-американски воздушен напад, објави државната новинска агенција ИРНА, велејќи дека „починал пред неколку часа“.

Поранешниот ирански министер за надворешни работи на Иран, Камал – Харази, ФОТО ЕПА

Го советувал убиениот ајатолах Али Хамнеи

Како што јавуваат медиумите Харази беше министер за надворешни работи на Иран од 1997 до 2005 година. Неговата последна улога беше советник на долгогодишниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, според медиумските извештаи. Хамнеи беше убиен на почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот