ВИДЕО: „Двојничката“ на Џенифер Анистон стана хит на социјалните мрежи откако имитираше сцена од „Пријатели“

Лиза Џенифер Анистон
Фото: профимедиа+принтскрин инстаграм

Жената по име Лиза Транел неодамна стана инстант хит на социјалните мрежи откако многумина забележаа дека неверојатно личи на актерката Џенифер Анистон.

На неодамнешното видео што го објави на „ТикТок“, Лиза имитираше сцена од серијата „Пријатели“. Корисниците на „ТикТок“ едноставно не можеа да не ја забележат сличноста со познатата актерка која во серијата го толкуваше ликот на Рејчел Грин.

@she_plusthree

You know what I mean?

♬ original sound – Friends

Видеото им се допаднало на повеќе од 569,800 луѓе, а истото предизвика над 11.000 коментари. Лиза во моментов има повеќе од 195,600 следбеници само на „ТикТок“ и повеќе од 1,6 милиони „лајкови“.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Навистина мислев дека ова е Џенифер Анистон“, „Знам дека веќе ти е преку глава од коментарите дека личите, но навистина е така“, „Леле, ги одглуми сите нејзини експресии“, „Џенифер Анистон мора да дознае за тебе“, „Можеш ли да изгледаш повеќе како Рејчел?“, беа само дел од коментарите под видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Tranel (@she_plusthree)

Толку пати слушнала дека изгледа како познатата актерка што Лиса во описот на својот профил на „ТикТок“ напиша „Ова не е профилот на Џенифер Анистон“.

Последните неколку дена беа луди. Моето видео од „ТикТок“ стана вирално бидејќи сите мислат дека изгледам како Џенифер Анистон. Лично не мислам дека изгледам како неа, а ниту моето семејство“, рече Лиса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот