ВИДЕО: Двете девојчиња оделе кон Олимписки базен, објавена е снимка од надзорна камера

Фото: Фејсбук/принтскрин

Нова снимка од безбедносна камера покажува дека двете девојчиња од струмичко, кои денеска исчезнаа додека беа на екскурзија во главниот град, оделе кон Олимпискиот базен, преку уличка која излегува на булеварот „Кочо Рацин“ на стотина метри од трговскиот центар „Веро Џамбо“.

Снимката на Фејсбук ја објави „Струмица денес“, со уште еден повик до сите кои би можеле да знаат каде се упатиле девојчињата на возраст од 12 и 14 години, да се јават и да ги споделат информациите на бројот 078 500 080.

Двата телефона на девојчињата од струмичко Босилово се исклучени. Тие се дојдени во Скопје на екскурзија и, како и другите деца, требало да прошетаат и да дојдат во договорено време каде што биле паркирани автобусите, за да тргнат кон дома. Но, и по подолго чекање, тие не се вратиле, а наставниците ја известиле полицијата.

На фотографија, извадена од снимките од надзорните камери во трговскиот центар „Веро Џамбо“, се гледа дека околу 15 часот и 50 минути девојчињата се упатиле кон строгиот центар на градот, односно кон кејот на Вардар и плоштадот „Македонија“.

Пронајдени се девојчињата од струмичко кои исчезнаа во Скопје, мајката им се заблагодари на сите кои помогнаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот