Пронајдени се девојчињата од струмичко кои исчезнаа во Скопје, мајката им се заблагодари на сите кои помогнаа

Двете девојчиња на возраст од 12 и 14 години, кои попладнето се изгубија во центарот на Скопје, се пронајдени, напиша околу полноќ на Фејсбук мајката на едното од нив.

Исчезнувањето на ученичките од струмичкото село Петралинци вечерва предизвика паника и голема потрага во која покрај полицијата, се вклучија и бројни граѓани. Девојчињата заедно со соученици и наставници дошле во главниот град на екскурзија, но не се појавиле во договореното време за враќање дома, по што наставниците ја известиле полицијата дека се исчезнати. На снимка од надзорна камера која беше објавена се гледа дека двете девојчиња се упатиле кон Олимпискиот базен.

Александра Јанкова, мајката на едно од девојчињата, која претходно со објава на Фејсбук ги повика луѓето кои имаат информации за девојчињата да ги споделат, во краток коментар на објавата напиша: „Ви благодарам на сите, децата се најдени“. Таа додаде дека тие се пронајдени кај Рампа во Кисела Вода.

Според последните информации, девојчињата се во полициската станица „Беко“. Тие биле исплашени, но во добра состојба, пишува струмичанецот Кире Михајлов.

Девојчињата Антонија и Радмила дошле во Скопје на еднодневна екскурзија и посета на Саемот на книга и Зоолошката градина. Имале пауза да прошетаат и во договореното време да се вратат кај автобусите. Засега нема повеќе информации за тоа како се изгубиле ученичките и каде биле во тие 7-8 часа додека сите ги бараа.

Девојчиња од струмичко се изгубиле во Скопје, последно се видени кај „Веро Џамбо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот