ВИДЕО | Дујовски: Радикализираните млади навремено да бидат дерадикализирани за да не ни се случи сличен напад како во Европа

Проф. д-р Никола Дујовски/Фото: Слободен печат
Службите постојано треба да бидат подготвени. За мене не е ништо ново – нападнати се центрите на големи градови. Целта е постигната – цел свет дознава за активностите на терористите. Сигурен сум дека службите во Европа се свесни дека проблемот не е на Блискиот исток, туку тој е тука. И понатаму ќе постојат вакви предизвици. Младите луѓе за жал не ја добиваат потребната поддршка за нивна дерадикализација. Се повеќе млади луѓе од одредена вероисповест, прибегнуваат кон тоа да ги напаѓаат средините во кои живеат. Во случајот со Виена видовме дека таму растеле, се школувале и еве на кој начин одговраат кон државата. Уверен сум дека ова е негативен тренд кај младите, кој нема поддршка кај повозрасните изјави во Утрински брифинг, експертот за безбедност, професорот Никола Дујовски.
-Македонија во оваа ситуација не може многу да помогне ниту да одмогне. Ќе ги дадеме сите потребни податоци со кои располагаме, но повеќе од тоа не можеме. Видовме дека тоа момче е од с. Челопек кое воопшто не било во Македонија, ниту па имало контакти овде, што не значи дека нема поддржувачи на ваквата идеја овде во државата, смета Дујовски, кој вели дека ние како држава треба да се погрижиме младите луѓе кои што се радикализирани, навремено да ги дерадикализираме, да не ни се случи сличен напад како овие во Европа.
-Брзата реакција на полицијата говори за тоа дека системот не потфрли барем во делот на брзо разоткривање на ова кривично дело и превенирање состојбата да не излезе од контрола, вели тој.
Разговорот во кој професорот Дујовски меѓудругите прашања говори и за за сетот на мерки кои треба да се преземат, за профилите на луѓето кои се одлучуваат за радикализам и подготвеноста за целосен и сеопфатен одговор погледнете во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот