Фото: EPA/PETE ANDREOU

ВИДЕО | Драми во Атина и Тел Авив: ПАО и Макаби до победи во последните секунди

Во рамките од 26 коло во Евролигата кошаркарите на Макаби Тел Авив на домашен терен со 95:93 славеа над Партизан.

Во последниот напад на Макаби, во последната секунда Американецот реализираше поени за голема радост кај неговите соиграчи и навивачи.

Токму Џими Кларк беше најефикасен за својот тим со 21 поени и четири асистенции, а за српската екипа Американецот Стерлинг Браун запиша 19 поени и четири меча.

Уште еден меч, но во Атина, беше решен во последните секунди, Американецот Џеријан Грент му донесе триумф на Панатинаикос против Реал Мадрид (82:81).

Прв стрелец за грчкиот претставник беше Костас Слукас со 22 поени, а кај Шпанците Алекс Лен забележа 18 поени.

Евролига, 26 коло

Вторник, резултати:

Дубаи – Олимпијакос 108:98
Анадолу Ефес – Валенсија 107:90
Жалгирис Каунас – Монако 104:87
Црвена звезда – Хапоел Тел Авив 87:75
Макаби Тел Авив – Партизан 95:93
Панатинаикос – Реал Мадрид 82:81
Барселона – Фенербахче 78:?82
Баерн – Париз 81:75
Олимпија Милано – Басконија 109:89

Табела: Фенербахче 18-7, Олимпијакос 16-9, Хапоел Тел Авив 16-9, Реал Мадрид 16-10, Валенсија 16-10, Панатинаикос 16-10, Црвена звезда 16-10, Барселона 16-10, Жалгирис Каунас 15-11, Монако 15-11, Олимпија Милано 13-13…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот