Фото: EPA/JALAL MORCHIDI

ВИДЕО | Драма и хаос во Мароко: Сенегал сакаше да го напушти теренот, а на крај го освои Африканскиот Куп на Нации

По голема драма, тензии и вистински хаос на теренот, репрезентацијата на Сенегал успеа да ја совлада Мароко со 1-0 по продолженија и да стигне до трофејот.

Клучните настани кои го одбележаа финалето започнаа во 97. минута, кога по ВАР-интервенција беше досуден пенал за Мароко. Судиската екипа процени дека по изведен корнер имало повлекување во шеснаесетникот, при што Брахим Дијаз заврши на тревата. Судијата од Конго, по прегледот на снимката, без двоумење покажа на белата точка.

Одлуката предизвика бурни реакции кај Сенегалците, па селекторот Папе Тиав им нареди на своите играчи да го напуштат теренот. Поголемиот дел од репрезентацијата и стручниот штаб навистина се повлекоа, но на теренот остана Садио Мане, кој на крајот ги убеди да продолжат.

Следуваа околу 15 минути целосен хаос, расправии и неизвесност дали финалето воопшто ќе продолжи. На крајот, Сенегал се врати на теренот и мечот продолжи во Рабат.

Брахим Дијаз ја презеде одговорноста да го изведе пеналот кој можеше да ја донесе титулата за Мароко, но се обиде со „паненка“ и целосно потфрли, голманот Едуар Менди лесно го прочита неговиот удар и ја спаси својата мрежа. Казната стигна во продолженијата, кога Гаје во 94. минута го постигна победничкиот гол за Сенегал.

Со овој триумф, Сенегал по вторпат во својата историја го освојува Африканскиот куп на нации, додека Мароко, и покрај домашниот терен, остана без посакуваниот трофеј.

Без сомнение, еден од најголемите херои кај Сенегалците е Садио Мане, кој остана смирен во најкритичните моменти и спречи ситуацијата да ескалира во скандал што можеше да донесе сериозни санкции за неговата репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот