ВИДЕО: Дончиќ со тројка во последните секунди ја урна Минесота за 2:0 во финалето на Западот
Кошаркарите на Далас победија на гостински терен во вториот натпревар од финалето на Западната конференција во НБА лигата.
Препорачано
Маверикси сега имаат предност од 2:0 во серијата против Минесота, а до победата дојдоа на вториот меч одигран во Минеаполис со резултат 109:108 благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ и тројката во последните секунди од натпреварот.
Минесота имаше предност од 12 поени на полувремето, а имаше и 18 поени позитива, но и тоа не беше доволно за да се избегне драматична завршница.
При резултат 108:106 за домаќинот, Далас имаше напад, а Дончиќ веројатно не ни помислуваше да ја додаде топката некому. Со помош на Дерек Лајвли, Словенецот изнуди превземање во одбраната на Минесота, оставајќи го пред себе Руди Гобер.
Тој е одличен дефанзивец, но Французинот е висок играч кој не можеше да ги следи дриблинзите на Дончиќ.
Дончиќ на три секунди до крајот на мечот успеа да постигне тројка, а во последниот напад на Минесота Наз Рид промаши тројка за победа.
Дончиќ натпреварот го заврши со 32 поени, 12 асистенции и 10 скокови, следен од Кајри Ирвинг, кој постигна 20 поени, запиша и шест асистенции и четири скокови. Во поразениот тим најефикасен беше Рид со 23 поени со шут за три поени 7-9. Ентони Едвардс постигна 21 поен.


