Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Дончиќ не сакаше да шутира за победа – Орландо славеше против Лејкерс

Кошаркарите на Орландо направија изненадување во Лос Анџелес, победувајќи ги Лос Анџелес лејкерс со резултат 119:118 во НБА лигата по драматична завршница во која Леброн Џејмс го промаши победничкиот шут во последната секунда.

Иако „езерџиите“ имаа двоцифрена предност во неколку наврати во текот на натпреварот, гостите од Флорида не се предадоа. Човек на одлука беше Вендер Картер, кој постигна клучни поени за минимална предност на Меџик на 6,7 секунди пред крајот.

Лејкерси го имаа последниот напад, но Лука Дончиќ не се одлучи да шутира за победа, па му ја додаде топката на Џејмс во клучниот момент, кој во тешка ситуација не успеа да реализира за триумф.

Орландо до победата го предводеше феноменалниот Паоло Банкеро со 36 поени, 10 скока и шест асистенции. По него следеа Дезмонд Бејн со 22 поени и херојот на крајот Картер, кој го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 20 поени и 11 скока.

Во составот на Лејкерси, Лука Дончиќ беше блиску до трипл-дабл со 22 поени, 15 асистенции и девет скока, додека Деандре Ајтон и Леброн Џејмс постигнаа по 21 поен.

НБА лига, резултати:

Индијана – Филаделфија 114:135
Атланта – Вашингтон 119:98
Бруклин – Далас 113:123
Кливленд – Њујорк 109:94
Торонто – Оклахома 107:116
Чикаго – Шарлот 99:131
Милвоки – Мајами 128:117
Њу Орлеанс – Голден Стејт 113:109
Феникс – Бостон 81:97
Портланд – Минесота 121:124
ЛА Лејкерс – Орландо 109:110

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот