ВИДЕО: Димитријевиќ е најдобар стрелец во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА

фото: kfsm.mk

И на вториот меч од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година, Ненад Димитријевиќ ја покажа својата врвна класа. И статистички македонскиот репрезентативец дека во овој момент е еден од најдобрите бекови кои играат на европскиот континент.

Ја потврди и во репрезентативниот дрес и на гостувањето во Сосновиец, каде постигна 32 поени, плус додаде и по осум скока и исто толку асистенции.

Она што импресионира е фактот дека по првите два натпревари, против Естонија и Полска, македонскиот бек е најдобриот стрелец во квалификациите за Евробаскет 2025 година.

Има вкупно 57 поени, кои ги реализираше за 35,1 минути поминати на теренот. Димитријевиќ има просек од 28,5 поени, на двата одиграни натпревари. На оваа листа на најдобрите поентери е пред Словенецот Клемен Препелиќ, кој е на второто место, додека пак третата позиција му припаѓа на Торнике Шенгелија од Грузија.

Она што исто така може да радува е брзата „аклиматизација“ на Етан Хап во нашиот репрезентативен состав. Силното крило на шпанската Гран Канарија исто така имаше одлични перформанси против Естонците и Полјаците. И во овој момент новиот Американец во македонскиот дрес е најдобар блокер во квалификациите, има пет блокади, исто колку што реализираше и Тригви Хлинасон од Исланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот