ВИДЕО: Дибиров во Топ 5 голови и во тимот на колото во Лигата на шампионите

Тимур Дибиров имаше одлични перформанси во победата против Елверум/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар 1961 успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на ЕХФ Лигата на шампионите, во последниот натпревар од групната фаза со 39:30 играчите на тренерот Давид Дејвис триумфираа над норвешкиот Елверум.

Веќе е познат ривалот на скопските „црвено-црни“ во следната фаза, тоа е унгарската екипа на Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој моментно е повреден и е најавено дека ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.

На дуелот против Елверум во редовите на Вардар 1961 најефикасен беше левото крило Тимур Дибиров со седум погодоци.

Еден од нив се најде во изборот на ЕХФ во Топ 5 најубави голови на 14 коло.

Воедно искусниот руски интернационалец се најде и во тимот на колото заедно со Андреас Волф (Кјелце), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Расмус Лауге (Веспрем), Лукас Сандел (Алборг), Алеиш Гомез (Барселона) и Андреас Нилсон (Веспрем).

Видео на денот