ВИДЕО: Џоди Фостер радувајќи му се на Златниот глобус за првпат јавно ја бакна својата сопруга

Џоди Фостер додаде уште една статуетка во својата импресивна колекција со филмски награди. Овој пат таа го доби својот трет Златен глобус, и тоа за улогата во драмата „The Mauritanian“. Сепак, нејзиниот гест пред камерите го засени фактот дека таа ја доби оваа престижна филмска награда.

„Мислам дека направивте грешка. Малку останав без текст. Мислев дека повеќе никогаш нема да се најдам тука“, изјави таа по прогласувањето.

Во овој филм таа ја игра адвокатката Ненси Холандер, која се бори за слободата на Мухамед Улд Слахи, младиот маж кој е неправедно затворен во озлогласениот Гвантанамо полни 14 години, под сомнеж дека учествувал во нападот на 9-ти септември.

Во текот на својот говор Фостер говореше за вистинскиот Слахи, односно за книгата која раскажува за нговиот живот и според која настана овој филм.

„Толку ме научи за тоа што значи да се биде човек. Ме научи за среќата, љубовта и простувањето. Ти благодарам за секоја лекција“, изјави таа.

Иако победи во импресивната конкуренција, Фостер ја освои публиката со тоа што направи нешто што пред камерите никој не го очекуваше.

Иако е неколку децении на јавната сцена, започнувајќи со глумата уште како дете, таа секогаш својот приватен живот го држеше далеку од очите на јавноста. Дури во 2013 година се изјасни за својата сексуална ориентација, а вчера јавно за првпат ја бакна својата сопруга Александра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот