ВИДЕО: Деведесетгодишна жена од Велика Британија прва ја прими вакцината против ковид-19 на Фајзер

Фото: EPA-EFE/Jacob King / POOL MANDATORY CREDIT: JACOB KING / PRESS ASSOCIATION

Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е прво лице во светот што ја прими вакцината против новиот коронавирус на компанијата Фајзер и БиоНтек.

Кинан, која е од Северна Ирска, изјави дека е привилегирана бидејќи во Универзитетската болница во Ковентри ја прими првата вакцина.

Велика Британија нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку од една третина од населението, кое брои 67 милиони.

Велика Британија е прва западна земја што денеска почна со имунизацијата на населението. Вакцината на Фајзер и БиоНтек треба да се чува на најмалку минус 70 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот