ВИДЕО | Денвер пред елиминација, Јокиќ исклучен во финишот по судир со Мекдениелс
Кошаркарите на Минесота го победија Денвер на домашен терен со 112:96, поведувајќи со 3:1 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата.
Препорачано
Составот на Тимбервулвс се најде на чекор од пласман во следната рунда од плејофот во натпреварот што заврши со исклучувањето на центарот на Денвер, Никола Јокиќ и Џулиус Рендл од редовите на Минесота.
Српскиот кошаркар, Јокиќ се налути во финишот на мечот кога Џејден Мекдениелс направи бесмислен потег постигнувајќи поени на 2,1 секунди до крајот, кога сè веќе беше решено. Играчите од двата тима интервенираа пред работите да се смират.
Ајо Досунму, беше прв стрелец во победничката екипа со 43 поени, а на спротивната страна Џамал Мареј реализираше 30 поени (по пет скокови и асистенции), следен од Јокиќ со 24 поени, 15 скокови и девет асистенции.
Лошата вест за Минесота од овој натпревар се повредите на Донте ДиВинченцо и Ентони Едвардс. ДиВинченцо е надвор од игра за целата сезона поради повреда на Ахиловата тетива, додека сериозноста на повредата на левото колено на Едвардс сè уште е непозната.
Популарните „волци“ ги добија последните три натпревари и ќе имаат шанса да ја завршат оваа серија во петтиот натпревар, кој е закажан во ноќта меѓу понеделник и вторник во Денвер.


