ВИДЕО | Денвер го победи Бруклин со уште еден трипл-дабл на Никола Јокиќ
Кошаркарите на Денвер во НБА лигата го совладаа Бруклин со конечен резултат 124:105.
Во редовите на Нагетс српскиот репрезентативец Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок на натпреварот.
Јокиќ го заврши натпреварот со постигнати 35 поени, 12 скокови и 15 асистенции.
За Денвер Расел Вестбрук имаше 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции, а Мајкл Портер постигна 17 поени.
Најдобар играч во екипата на Нетс беше Келдон Џонсон со 22 поени.
Денвер е моментно на четвртата позиција во Западната конференција (22-15), додека Бруклин е на 12 место на Истокот со биланс 13-25.
НБА лига, резултати:
Индијана – Голден стејт 108:96
Орландо – Милвоки 106:109
Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123
Бостон – Сакраменто 97:114
Њујорк – Оклахома 101:126
Чикаго – Вашингтон 138:105
Денвер – Бруклин 124:105