Фото. Denver Nuggets

ВИДЕО: Денвер гази и без Јокиќ, Мареј и Вотсон блеснаа во драмата со Њу Орлеанс

Кошаркарите на Денвер нагетс остварија важна победа на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс со 122:116, предводени од одличниот тандем Џамал Мареј – Пејтон Вотсон.

И покрај тоа што повторно настапија во ослабен состав, Нагетс успеаја да ја комплетираат „метлата“ против Пеликанс оваа сезона, победувајќи ги во сите три меѓусебни дуели и дополнително туркајќи го домаќинот во длабока криза (11 порази во последните 12 натпревари). Џамал Мареј се врати на паркетот по пауза од два меча поради повреда на зглобот и болест и веднаш ја презеде лидерската улога. Натпреварот го заврши со 35 поени и девет асистенции, погодувајќи пет тројки.

Ништо помалку импресивен не беше ниту Пејтон Вотсо, но значаен придонес од клупата даде и Тим Хардавеј Џуниор со 18 поени.

Триумфот на Денвер добива уште поголема тежина ако се земе предвид целосната доминација на Њу Орлеанс во рекетот. Домаќините имаа дури 20 скока повеќе (52 наспроти 32 за Денвер) и постигнаа значително повеќе поени (56:38).

Кај Пеликанс се истакна Треј Марфи Трети со 31 поен, додека Садик Беј и Џордан Пул додадоа 17, односно 16 поени. Зајон Вилијамсон имаше свои моменти, вклучувајќи и акција „2+1“ на почетокот од последната четвртина, но потфрли во финишот.

Натпреварот беше решен во последната минута. Марфи со полагање донесе израмнување (114:114) на 1:02 до крајот, но Вотсон возврати со тежок шут од вртење за ново водство на Денвер. Откако Марфи и Вилијамсон не ги искористија шансите за пресврт, точка на мечот стави Арон Гордон со забивање на 10 секунди пред крајот.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Majaми – Феникс 127-121

Хјустон – Чикаго 119-113

Милвоки – Минесота 106-139

Оклахома – Сан Антонио 122 – 119

Лејкерс – Аталната 141-116

Голден стејт – Портланд 119-97

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот