ВИДЕО | Деменцијата ја откри понежната страна на Брус Вилис – ќерката Румер проговори за состојбата на татко ѝ
Румер Вилис (37) откри дека кај нејзиниот татко, актерот Брус Вилис, за време на неговата борба со деменцијата се појавила нова, поблага и понежна страна. Во неодамнешно интервју, таа истакна дека и покрај сè низ што минуваат, благодарна е за секој момент што го поминува со него, пишува „Пејџ Сикс“.
Препорачано

Таа нагласи дека и покрај тешката ситуација, чувствува голема благодарност за моментите кои сè уште ги споделува со него, но и дека забележала промени во неговото однесување.
„Иако сега е поинаку, неизмерно сум благодарна. Се појави некаква нежност. Тој секогаш беше тој ’мачо тип‘, а сега е тука… кршливост не е вистинскиот збор, туку едноставно една благост која како Брус Вилис можеби на некој начин не си дозволуваше да ја покаже“, изјави таа.
Румер наведе и дека пред дијагнозата за фронтотемпорална деменција (ФТД), не била свесна колку всушност е распространета оваа невролошка болест.
Таа е најстарото дете на 71-годишниот Брус Вилис и неговата поранешна сопруга Деми Мур. Румер ја има ќерката Луета, која ја доби со Дерек Ричард Томас, додека Брус од повеќето бракови има уште четири ќерки: Скаут, Талула, Мејбел и Евелин.
Иако Брус Вилис и Деми Мур се разведоа во 2000 година, тие останаа во одлични односи. Мур неодамна му упати и честитка за неговиот роденден…


