ВИДЕО: Децата ги трогнаа родителите до солзи со изненадувањето за 67-годишнината од бракот

Фото: ТикТок

Бракот кој трае 67 години е вистински подвиг. Повеќето луѓе не живеат доволно за да бидат толку долго во брак, но има и такви примери, а еден неодолив пар кој ја прослави 67-годишнината од бракот доби трогателно изненадување од децата, кое предизвика солзи во нивните очи.

Музичарот Даниел Морис на ТикТок објави видео од постар пар пред нивната куќа – сопругата седеше на стол, а нејзиниот сопруг стоеше до неа. Морис ја свиреше песната „I Can’t Help Falling in Love With You“ на виолина во нивниот двор.

Почнав да го правам тоа за луѓето кога сè пропадна поради пандемијата“, напиша Морис во описот на видеото. „Искрено, ми се промени животот кога забележав како музиката допира до животите на луѓето“. Госпоѓата стана многу емотивна, ја ставаше раката на лицето и ги бришеше очите додека ги слушаше прекрасните ноти“, опиша тој.

@danielmorrismusic Music heals the heart❤️#wedding #lovestory #truelove #foryoupage #boostofhope #violinist ♬ original sound – Danielmorrismusic

„Овој пар е во брак 67 години. Нивните деца, кои живеат далеку, ме испратија да свирам за нив”, напиша Морис. „Тие имаат речиси 90 години, а таа порано свирела виолина. Тој ја водел на часови по виолина и седел во публиката, ја слушал и ја чекал. Каква вистинска љубовна приказна“, додаде тој.

Музиката навистина ги лекува срцата

Коментарите покажуваат колку луѓето биле трогнати.

Прекрасно. Да не заборавиме дека има уште многу добрина на светот”, напишала една личност.

Ова е толку убаво. Музиката е јазикот на љубовта“, напиша друга.

Јас сум тотална будала, па дури и солзи ронев“, додаде трета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот