ВИДЕО | Даде сѐ од себе: Принцот Вилијам бос играше одбојка на популарната плажа Копакабана
Принцот Вилијам навистина уживаше во својот официјален престој во Бразил. Наследникот на британскиот престол уживаше играјќи одбојка на плажа на популарната плажа Копакабана со олимписката ѕвезда Каролина Солберг, а на теренот буквално даде сè од себе.
Препорачано
View this post on Instagram
Додека сонцето заоѓаше над Копакабана, принцот Вилијам ги соблече чевлите и чорапите и помина десет минути играјќи одбојка на песок, скокајќи и фрлајќи се по топката, не плашејќи се да не падне на песочниот терен. Фотографите имаа полни раце работа за да ја направат најдобрата фотографија , а Вилијам навистина се потруди да „фатат“ сè, дури и неговите падови.
Каролина Солберг, која раководи со одбојкарско училиште за деца од социјално загрозени семејства, ги пофали способностите на Вилијам: „Тој има многу енергија. Висок е, може да ја удира топката. Мислам дека би можел да биде навистина добар ако вежба повеќе. Беше прекрасно да се игра со него.“
Претходно, принцот ја посети бразилската фудбалска легенда Кафу на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Тие ги посетија и децата вклучени во проектот „Тера ФК“, каде што младите учат за животната средина и климатските промени преку спорт.
Кога стануваше збор за одбојка на плажа, Вилијам целосно се препушти, менувајќи ги позициите, покажувајќи ги своите вештини, но исто така користејќи ја својата висина како предност додека бројни туристи и локални жители го бодреа.


