ВИДЕО | Д Викенд и ќерката на Џони Деп непристојни во контроверзниот трејлер за „The Idol“
Вчера беше објавен четвртиот трејлер за претстојната серија „The Idol“, која ќе биде премиерно прикажана на „Ејџ-би-о“ на 4 јуни, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Во споменатиот трејлер, ќерката на Џони Деп, младата актерка Лили-Роуз Деп го привлече вниманието со ликот на поп-ѕвезда во подем. Таа во својот пат кон славата бара помош од енигматичен гуру, Тедрос, кој го игра музичарот Д Викенд, кој е сопственик на ноќен клуб и се опседнува со Џоселин, идната поп-ѕвезда која ја игра Лили-Роуз Деп.
Трејлерот започнува со Џоселин, која учествува во атрактивна фотосесија, заедно со Кејлеб, која ја игра Троја Сиван. Џоселин подоцна оди во клуб каде што го запознава Тедрос, кој подоцна ѝ кажува дека „ја има најдобрата работа на светот“.
Контроверзната серија е на удар на кртитики уште пред нејзината премиера на 4 јуни.
Минатиот месец, 13 анонимни извори тврдеа за „Ролинг стоун“ дека учеството на режисерот Левинсон во серијата резултирало со вознемирувачки сексуални и физички насилни сцени помеѓу Лили-Роуз Деп и Д Викенд.
Но, во изјава за „Њујорк пост“, Лили-Роуз го нарече Левинсон најдобриот режисер со кој некогаш работела.


