Владата во Чиле прогласи вонредна состојба поради проблемот со струјата/Фото: EPA-EFE/ELVIS GONZALEZ

ВИДЕО | Чиле потона во мрак поради дефектот на електродистрибуција

Чилеанската влада прогласи вонредна состојба во вторникот и воведе полициски час во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, по големиот прекин на електричната енергија поради можен дефект во системот за дистрибуција на електрична енергија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Полицискиот час ќе биде во сила од 22:00 до 6:00 часот (по локално време), резимираше министерката за внатрешни работи Каролина Тоа за време на прес-конференција.

Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, остана без струја, изјави извор за Ројтерс.

Компанијата Антофагаста соопшти дека нејзините рудници работат со резервни генератори.

Според чилеанската агенција за управување со катастрофи (СЕНАПРЕД) има прекини на струја од северните региони на Арика и Паринакота до Лос Лагос, на југ. Сепак, не се пријавени итни случаи.

Семафорите во главниот град не работеа, изјавија очевидци за Ројтерс. Погодено е и метрото во Сантијаго, кое секојдневно превезува милиони патници.

Компаниите за дистрибуција на електрична енергија се обидуваат да го лоцираат дефектот и да го поправат, додаде СЕНАПРЕД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот