ВИДЕО | Четиринаесет повредени откако ескалатор на метро станица во Јужна Кореја ненадејно го сменил правецот

Јужна Кореја метро / Фото EPA-EFE/DAVID CHANG

Четиринаесет луѓе се повредени откако еден од ескалаторите на метро станица во Јужна Кореја ненадејно почнал да се движи наназад, газејќи ги патниците.

Според новинската агенција „Јонхап“, тешката несреќа се случила во 8:20 часот на метро станицата Сунае на линијата Бунданг (област јужно од Сеул).

Одеднаш, ескалаторот свртен нагоре почнал да се движи надолу, што траело неколку секунди, според локалната полиција и пожарникарските власти.

Тројца од патниците кои биле на скалите кога се случил инцидентот биле пренесени во болница со повреди на грбот и ногата. Уште 11 лица се полесно повредени, им била укажана прва помош и заминале.

Локалните власти ги истражувале причините за инцидентот, но – како што изјавија нивните претставници – не сметаат дека е многу веројатно некој да се меша во системот за рачна контрола и намерно да го смени правецот на ескалаторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот