ВИДЕО | Четири намирници кои стануваат токсични кога се чуваат во фрижидер

Фото: Пекселс/polina-tankilevitch

Фрижидерот е неопходен дел од секое домаќинство бидејќи ја одржува храната свежа. Сепак, некои намирници не треба да се чуваат во фрижидер поради можноста да станат токсични.

Експертот за здравје на цревата, д-р Димпле Џангда откри на Инстаграм дека овие намирници се лук, кромид, ѓумбир и ориз.

@drdimplejangdaofficial 4 foods that turn toxic when you refrigerate It. Number one is garlic. #guthealth #guthealing #healing ♬ original sound – drdimplejangdaofficial

Лук

Лукот може да мувлоса во фрижидер.

„Никогаш не го чувајте лукот во фрижидер бидејќи многу брзо почнува да мувлосува, а мувлата на лукот всушност е поврзана со рак“, вели Џангда и советува лукот да се чува на суво и темно место.

„Лукот има ниска киселост, што го прави склон кон акумулација на бактеријата Clostridium botulinum, која е еден од виновниците за ботулизмот“, предупреди таа.

Кромид

Кромидот е растение кое е отпорнао на ниски температури.

Експертот објаснува: “Кога ќе ставите кромид во фрижидер, скробот почнува да се претвора во шеќер и почнува да фаќа мувла. Многу луѓе ја прават оваа грешка. Ја сечат главата на кромидот, половина ја користат за готвење, а другата ја чуваат половина во фрижидер. Не правете го тоа“, апелираше таа.

Ѓумбир

Како и лукот и кромидот, ѓумбирот исто така е подложен на мувлосување.

„Почнува да мувлосува многу брзо кога ќе го ставите во фрижидер, а тоа е поврзано со откажување на бубрезите и црниот дроб. Не го ставајте во фрижидер“, предупреди Џангда.

Ориз

Оризот може да се чува во фрижидер, но не подолго од 24 часа. Неварениот ориз може да содржи спори на Bacillus cereus, бактерија која може да предизвика труење со храна. Спорите можат да преживеат при готвење.

Бактеријата Bacillus cereus најдобро се развива во температурен опсег од 4 до 48 степени Целзиусови. Во храната како оризот, бактериите можат да произведуваат токсини додека храната се лади, што доведува до симптоми како што се повраќање, дијареа и стомачни грчеви. Симптомите може да се појават неколку часа по јадење на расипан ориз, па затоа е неопходно веднаш да се побара лекарска помош. Иако смртта е ретка последица, таа не е исклучена. Bacillus cereus може да расте во различни намирници со скроб, од ориз до тестенини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот