ВИДЕО | Цеца Ражнатовиќ со бурна реакција кон српските новинари за скандалот со бугарското знаме во Велес: „Пеев повеќе од два и пол часа…“
Српската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна одржа концерт во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, кој заврши со инцидент и бурни реакции од публиката.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За време на настапот, Цеца во еден момент зема бугарско знаме од публиката и се обвитка со него, што предизвика негодување и свирежи на дел од присутните. Некои од присутните ја напуштија салата во знак на револт, додека други останаа збунети од потегот на пејачката.
По лавината реакции, „Слободен печат“ доби ексклузивна изјава од српската пејачка која објасни дека не сакала да испрати никаква политичка порака, туку дека нејзиниот гест бил дел од вообичаената комуникација со публиката.
Сега и српските медиуми ја запрашаа за инцидентот, на што Цеца остро реагираше кон новинарите. Кога пристигна на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, таа изјави дека сè е измислено и дека настапила повеќе од два и пол часа.
– Што не истраживте? Што се случи потоа. Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека ме натерале да се симнам од сцената, дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа, мислам на чест и исклучоци, но има и такви што пласираа будалаштини. Да, се случи таа ситуација, и дадов изјава за тоа и тоа беше решено – рекла налутено пејачката зa „Курир“.
– Има полоши афери за кои не ги малтретитате колегите. Што се случи, луѓе? Јас сум тука 40 години, никогаш во животот не сум имала провокативна изјава, а камоли нешто друго. Луѓето навредуваат луѓе, ги навредуваат моите колеги, се однесувате како фанови, е тоа е скандал… – додала Цеца.


