ВИДЕО | БУКУРЕШТ ГОРИ: Градот обоен во црвено и жолто, Македонците се подготвуваат за денешниот натпревар против Украина!
Попладнево со почеток од 15 часот, македонската фудбалска репрезентација го игра вториот натпревар од групата Ц на Европското првенство, овојпат против Украина. Букурешт е буквално обоен во црвено и жолто, додека македонските навивачи пејат и возбудено го чекаат овој особено битен натпревар кој ќе се одигра на Националната арена во романската престолнина.
Препорачано
View this post on Instagram
Македонскиот селектор Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес-конференција уште еднаш потенцира дека нашата репрезентацијаденеска ќе го одигра „најважниот натпревар во кариерата“.

– Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите, рече селекторот Ангеловски.



